Стопанска банка Битола со добивка од 182.000 евра

Bez autora
Nov 05 2013

Стопанска банка АД Битола во првите девет месеци од годинава оствари нето-добивка од 11,12 милиони денари (182 илјади евра), што е за 268,2 милиони денари подобар резултат отколку во истиот период минатата година, кога загубата на банката изнесуваше 257,1 милиони денари. Според неревидираниот биланс на успех, објавен вчера на интернет-страницата на Македонска берза, позитивниот резултат се должи, пред с`, на ослободување на исправка на вредноста на финансиските средства на нето-основа од 304,2 милиони денари, што е одраз на активностите на банката за наплата на претходно оштетните побарувања и намалување на нефункционалните кредити. Зголемување на приходите Стопанска банка Битола регистрира и кај каматите, каде што нето-приходите од камата се зголемени за 7,5 милиони денари споредено со истиот период лани. Ваквиот позитивен тренд регистриран во билансот се должи пред се на фактот банката успеа да оствари позначајно намалување на расходите за камати во однос на намалувањето на приходите од камати.

Стопанска банка Битола со добивка од 182.000 евраСтопанска банка АД Битола во првите девет месеци од годинава оствари нето-добивка од 11,12 милиони денари (182 илјади евра), што е за 268,2 милиони денари подобар резултат отколку во истиот период минатата година, кога загубата на банката изнесуваше 257,1 милиони денари.

Според неревидираниот биланс на успех, објавен вчера на интернет-страницата на Македонска берза, позитивниот резултат се должи, пред с`, на ослободување на исправка на вредноста на финансиските средства на нето-основа од 304,2 милиони денари, што е одраз на активностите на банката за наплата на претходно оштетните побарувања и намалување на нефункционалните кредити.

Зголемување на приходите Стопанска банка Битола регистрира и кај каматите, каде што нето-приходите од камата се зголемени за 7,5 милиони денари споредено со истиот период лани.

Ваквиот позитивен тренд регистриран во билансот се должи пред се на фактот банката успеа да оствари позначајно намалување на расходите за камати во однос на намалувањето на приходите од камати. Имено, намалувањето на приходите по камати, во услови на зголемено бруто кредитно портфолио, е резултат на пониски активни каматни стапки следствено на намалувањето на референтната каматна стапка на НБРМ. Исто така како позитивен тренд во работењето на банката можат да се забележат остварените приходи од провизии и надомести кои се зголемени за 37,3 отсто додека расходите за провизии и надомести се намалени за 37,8 отсто. Ваквиот резултат фактички е двојно поголем од истиот остварен во текот на разгледуваниот период од минатата година.

- Уште позначајно е што овој резултат го постигнуваме во услови на неповолна економска состојба во земјата и светот, кога финансиските институции с` уште ги трпат последиците од светската финансиска криза. Во идниот период, Стопанска банка АД Битола ќе продолжи со преземање на соодветни мерки и активности за наплата на нефункционалните кредити и продажба на превземениот имот. Истовремено, ќе настојуваме да го одржиме трендот на раст на нето-приходите од камати и провизии со што би се создале услови за дополнително подобрување на финансискиот резултат - соопшти Стопанска банка АД Битола.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik